ВИДЕО | Андоновиќ: Северен поток 2 на удар на европските санкции

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

ЕУ воведува санкции кон Русија надоцна до 5 март. Во моментов тече „процесот на подготовка“ и постапката за предвидените санкции ЕУ ќе ја финализира до 5 март кога и ќе започне примената на зацртаните санкции. Одлуката на ЕУ доаѓа откако рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше осуден на затворска казна, Дополнителните санкции беа најавени уште минатата недела за време на безбедносниот форум во Минхен каде земјите членки на Г7 предводени од САД најавија дека апсењето на Навални и кршењето на човековите права и слободи во Русија ќе предизвикаат нов бран економски санкции кон руски лица и компании. Се работи за лица кои учествувале во апсењето и судењето на Навални како и бројни компании кои со својата работа финансираат или финансирале акции и бизниси со кои Русија наметнувала услови за ширење на своето влијание. Самиот претседател на САД Џозеф Бајден ја обвини Русија дека со својата агресивна политика ги уценува и принудува државите на одредени чекори со цел да ги остварат своите интереси.

Пред се се работи за Украина но и за неколку останати држави кои произлегоа од поранешниот СССР кои имаат аспирациии за влез во НАТО и поблиски економски одбоси со ЕУ а за што Москва се противи и ги попречува по пат на сила, смета Бајден. Со новите американски и Европски санкции се доведува во прашање и судбината на стратешкиот гасовод Северен поток 2. Тој е замислен како гасовод кој ќе ја заобиколи копнената траса на Украина и Белорусија и со поставени цевки на дното на Балтичкото море директно ќе го носи гасот од Русија во Германија, проект од голем интерес за самата Германија. Сега се доведува во прашање овој германски интерес бидејќи самата Европска унија во посредство на САД сакаат да го запрат проектот. Се прават анализи во кои се тврди дека Северен поток не и е неопходен на Европа. Се смета дека со овој гасовод Европа ќе стане енергетски зависна од Русија, која ќе ја злоупотреби таа зависност за свои цели во политичката и геостратешка доминација. Во моментов рускиот брод „Фортуна“ кој ги поставува цевките на гасоводот на дното на Балтичкото море продолжува со работа и покрај американските санкции со кои тој треба да прекине со работа. Покрај руските на удар на американските снакции се и 18 западни компании кои работат на проектот и кои доколку не се повлечат од проектот ќе се соочат со жестоки казни. Русија засега со обвинување до САД и Западот дека се обидува да ја „забави“ Русија со економски санкции, да ги поткопа нејзината стабилност и вредности и на крајот „да ја ослаби Русија и да ја контролира однадвор“.

Како контра мерка Путин потпиша закон со кој се зголемуваат паричните казни за прекршоците на демонстрантите и за интернет-страниците означени како „странски агенти“. Потегот на Путин се оценува како удар врз кон медиумите кои се финансирани од странство. Сето ова ја потврдува оценката дека односите меѓу Русија и Западот се на најниско ниво од завршувањето на „Студената војна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот