ВИДЕО | Андоновиќ: Регионални геостратешки игри, Турција може да распоредува војска од Азербеjџан до Африка

epa08782822 A view of a damaged house in the town of Shushi (another spelling Shusha) in the Nagorno-Karabakh Republic, 29 October 2020, after allegedly Azerbaijani shelling. Armed clashes erupted on 27 September 2020 in the simmering territorial conflict between Azerbaijan and Armenia over the Nagorno-Karabakh territory along the contact line of the self-proclaimed Nagorno-Karabakh Republic (also known as Artsakh). EPA-EFE/HAYK BAGHDASARYAN /PHOTOLURE

На барање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, турскиот парламент одобри распоредување на турската армија во Нагорно Карабах. Целта на овие воени сили е да го надгледуваат примирјето кое неодамна беше постигнато по 6 неделната војна меѓу Ерменија и Азербеџан.

Турската армија заедно со руската војска ќе го надгледуваат примирјето. Русија веќе упати над 2000 војници и воена опрема во Нагорно Карабах откако Москва како посредник успеа да ги натера двете завојувани страни на прекин на меѓусебните воени дејствија. Една од завојуваните страни, Ерменија, се противеше на турското мешање и воено присутво во Нагорно Карабах особено бидејки Анкара нескриено и даваше подршка на Азербеџан во борбите против Ерменија.

Се смета дека токму турската воена подршка беше пресудна, армијата на Азербеџан воено да ја порази Ерменија во Нагорно Карабах. И самата Русија не гледаше благонаклоно кон турските амбиции за воено присуство во Нагорно Карабах. Сепак , барем засега, Москва се согласи, турската армија, под команда на Русија да го надгледува примирјето.

Дека Турција како регионална сила се повеќе се наметнува доаѓа и повторното отварање на кипарксото прашање. Поделениот кипарски остров, врз кој во 1974 година турската армија изврши инвазија и го отцепи северниот дел на Кипар каде живее турско население, повторно е во фокус на вниманието на светската јавност. Таму неодамна турската заедница на Кипар доби нов лидер.

Во посета на Кипар неoдамна беше и Реџеп Таип Ердоган од каде упати порака дека, 37 години по обидите на меѓународната заедница, повеќе од јасно е дека идејата за обединета држава на грците и турците, односно Кипар е мртва и дека Турскиот северен дел треба да се присоедини кон Турската држава. Оваа изјава ги подгреа тензиите меќу Турција и Грчкиот дел на остров кој со подршка на Атина се залага за обединување на островот. Атина смета дека анектираниот дел од 1974 година треба да се врати под заеднички суверенитет на кипарската држава.

Но, настојувањето на Турција да контролира дел од стратешкиот остров практично ги открива и амбициите за туските економски операции во источниот дел на медитеранот. Овој регион е богат со нафта и гас, но во исто време е и оспорен од Грција која смета дека поморската линија е во рамките на грчките територијални води.

Решителноста на Анкара и пред се Ердоган ги подгрева тензиите но во исто време ја прави состојбата уште покомпликувана пред се поради фактот што, во замрзнатиот конфликт околу самиот Кипар, се инволвирани две држави членки на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот