ВИДЕО | Андоновиќ: Последните часови на мандатот на Трамп – Бајден денеска станува 46. претседател на САД

Фото: Профимедиа

Во 12 часот на пладне по локално или 18 часот по средноевропско време Џозеф Бајден ќе биде инаугуриран за претседател, 46 ти во историјата на САД. Заедно со него на потпретседателската функција ќе биде инаугурирана и Камала Харис.

78- годишниот Бајден ќе влезе во историјата како највозрасен избран претседател додека Камала Харис прва жена потпретседател на САД. Ковид- 19 но и неодамнешниот упад на приврзаниците на Трамп во зградата во Капитол извршија притисок оваа инаугурација да биде организирана и реализирна во невообичаена атмосфера – во високи безбедносни мерки и без присуство на граѓаните кои назначувањето но својот иден претседател- ќе можат да го следат преку медиумите и преку интернет.

Безбедноста во Вашингтон зајакната до најголеми можни граници

-Пентагон распореди околу 25.000 војници на Националната гарда, која заедно со полицијата ќе се грижи за безбедноста на инаугурацијата. Пред инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, 12 припадници на Националната гарда беа отстранети од должност откако беше утврдено дека се поврзани со десни екстремистички групи или дека објавиле екстремистички ставови на интернет, јавија американски медиуми кои додаваат дека не постоела директна закана за Бајден. Засега не се прецизира за кои екстремистички групи станува збор или во која единица служеле припадниците на Националната гарда.

ФБИ пред инаугурацијата на Бајден спроведе безбедносна проверка на 25.000 припадници на Националната гарда испратени во Вашингтон за да го обезбедат настанот, во услови на загриженост за потенцијален напад од внатре од таканаречени „инсајдери“.

На церемонијата за првпат во историјата нема да присуствува претседател во заминување кој формално треба да ја предаде власта во Белата куќа. Трамп кој одбива да ја признае изборната победа на Бајден, нема да приствува туку планира на 4 часа пред инаугурацијата за последен пат со претседателскит авион да отпатува во одморалиштето во Флорида.

Сепак церемонијалниот дел односно примопредавањето на претседателскаа должност ќе ја изврши потпретседателот Мајкл Пенс кој го најави своето присуство на церемонијата за промопредавање на претседателската функција. На инаугурацијата ќе присуствуваат и 3 -ца поранешни претседатели на САД – претходникот на Трамп демократот Барак Обама, Бил Клинтон , и републиканецот Џорџ В. Буш и поранешниот претседател на САД, демократот Џими Картер (96), нема да биде присутен на свечената заклетва поради возраста.

Што се однесува до претседателот во заминување Доналд Трамп вчера во својот проштален говор до нацијата потенцираше дека е особено горд дека како прв претседател на САД во историјата не започнал ниту една војна. Трамп потсети дека за време на својот мандат, во кој како што рече, влезе како целосен политчки аутсајдер успеал да направи могу политички успеси кои не успел да ги направи нитуе една од претходните американски амдинистрации.

Договорот со Кина и пред се рекордно брзо пронаоѓање на вакцината против Ковид -19 се едни од најголемите успеси на неговото претседателствување, се пофали јавно Трамп.

Сепак тој не пропушти во последните часови на својот мандат да ја искорсти својата претседателска можност и да потпише помилување на околу 143 обвинети. Меѓу помилуваните се некогашнот главен идеолог и советник на Трамп Стив Бенон, кој беше обвинет за проневера на огрмен број на финансиски средства за финансирање на заштитниот ѕид кон Мексико, како и главниот фиансиер на кампањата на Трамп- Елиот Бројди.

И покрај најавите, Трамп не ја злоупотреби својата позиција да се помилува себеси и неговото семејство за да се заштити од евентуални судски процеси за кои идната демократска администрација сака да ги покрене против него и неговата наводна злоупотреба на 4 годишата претседателска функција.

45. претседател на САД, Доналд Трамп од денеска заминува во историјата и малку е веројатно дека, по сите овие контраверзи и политики на неговото владеење, ќе може да ја оствари својата јавно изречена амбиција, да продолжи да се знаимава со политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот