ВИДЕО | Андоновиќ: По Трамп и демохристијаните на Меркел поразени поради водење поразителна ковид политика

 Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел претрпе порази и доживеа изборно фијаско на важните избори во две германски покраини. Христијанско-демократската унија (ЦДУ) вчера загуби во југозападните покраини Баден-Вуертемберг и Рајнска област-Пфалц постигнувајќи најлоши изборни резултати, кои изнесуваат пад за 7 отсто во однос на месеците претходно.

Германските медиуми поразот на ЦДУ го оценија како прекор за управување на Меркел со пандемијата со ковид-19. На 26 септември во Германија ќе се одржат парламентарни избори на кои Германците ќе изберат наследник на Меркел. Овие порази ги доведуваат во прашање шансите наследникот на Меркел на лидерската позиција во партијата ЦДУ Армин Лашсет да стане наследник на Меркел и на канцаларската функција на сојузните избори кои ќе се одржат на 26 септември годинава.

Покрај незадоволството од бавниот почеток на вакцинацијата, со ограничувањата против коронавирусот кои само постепено се намалуваат, а бројот на заразени повторно расте, ЦДУ беше погодена во последните две недели од обвинувањата дека двајца пратеници профитирале од договорот за набавка на маски на почетокот на пандемијата со коронавирусот. Изборите за законодавни тела во југозападните провинции Баден-Виртемберг и Рајнланд-Пфалц го започнаа изборниот маратон, кој ќе кулминира со федералните избори на 26 септември. Со оваа изборна катастрофа на демохристијаните на Меркел се отвара шансата идниот канцалар на Германија да биде од редовите на социјал демократите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот