ВИДЕО | Андоновиќ: ОН бараат повлекување на Русија од Крим, Путин се заканува со затворски казни за отуѓување руски територии

Фото: Пиксабеј

Со, 63 гласа „за“, 17 „против“, и 62 „воздржани“ Советот за безбедност на Обединети нации изгласа резолуција со која се бара повлекување на руските војници од Крим и „без одложување, ставање крај на привремената окупација на украинската територија“.

Иако Резолуцијата не е правно обврзувачка, таа претсавува одраз на светското мислење односно најава на тоа како да се движи идната западна политика на регионот, што ја покажува и поддршката која ја пружија западните земји и нивните сојузници. Очекувано, против барањето за повлекувањето на Русија од Крим и источниот дел на Украина беа државите како Кина, Куба, Венецуела, Иран и Сирија.

Русија испрати трупи на Крим и го анектираше Полуостровот во 2014 година и го поддржа населението во Источна Украина за отцепување од државата. Во судирите загинаа околу 14.000 луѓе, а од јули во сила е прекин на огнот.

Со Резолуцијата се „осудува руската окупација на Крим и Севастопољ“, потенцирајќи дека „не ја признава руската анексија на Крим со сила и со кршење на меѓународниот закон“. Москва засега не ја коментираше оваа резолуција на СБ на ОН но како контра мерка на оваа Резолуција, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат високи затворски казни за сите оние лица кои ќе се обидат да учествуваат или да заговараат отуѓување на руска риторија.

Путин потпиша пакет закони со кои се воведуваат затворски казни за отуѓување на руски територии. и административни казни за јавни повици за отуѓување руски територии. Кривичниот законик сега ќе биде проширен со нова клаузула – кршење на територијалниот интегритет, која предвидува казна од 10 години за отуѓување руски територии или други дејствија насочени кон кршење на територијалниот интегритет, со исклучок на разграничување и повторно разграничување на државната граница со соседните држави.

Се чини дека оваа резолуција преставува увертира за тоа како западните држави во иднина планираат да ја креираат надворешната политика и глобалната геополитика, со доаѓањето на новата американска администрација.

Токму ова и беше главната причина вчера главниот надворешно -политичкиот одбор на американскиот конгрес да одржи седница на која учествуваше и поранешниот американски државен секретар од клинтоновата амдинистрација Медлин Олбрајт и председавачот на конгресот за надвоешни работи Елиот Енгел. Олбрајт го повтори својот став дека идната американска администрација треба да го подржи рефорскиот курс на земјите од Западен Балкан, тесно да соработува со ЕУ и НАТО и да ја зајакне борбата против корупцијата која, како што оцени е голем проблем на земјите од Балканот каде се подрива владеењето на правото.

Во однос на Косово, Олбрајт повтори дека Белград треба да продолжи со својата европска политика но и да се соочи со фатктот дека Косово е независна држава и дека ќе мора наскоро да ја признае независноста на Косово. Одборот кој има задача да ги разгледа идните политички пристапи и насоки кон кои ќе с стреми идната админситрација на новиот престедател Џозеф Бајден укажува и дека треба сериозно да се прекине соработката која Србија и Турција ги развиваат со купувањето на руско оружје. Токму ова според поранешната државна секретарка Олбрајт може да биде предмет на воведување на сериозни санкции кон Србија и Турција, но првин ќе треба да се види каков тип оружје и за каква намена овие две држави го купуваат. Олбрајт смета дека Русија во Србија ја испробува својата идна тактика со која според неа сака да започне со подривање на демократијата во неколку други источноевропски држави со цел да ги оддалечи од западот и западните вредности.

Тоа веќе го спроведе и во Турција, е заклучокот на надворешно-политичкиот одбор на американскиот конгрес. И руската и кинеската политка внесуваат нестабилност и оттаму идната администрација на САД ќе мора да се справи со оваа геополитичка закана, сметаат во американскиот конгрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот