8 C
Скопје

ВИДЕО | Андоновиќ: Нови докази за свирепите ликвидации на кланот на Беливук-снимките не се емитуваа во јавноста

Српската полиција пронајде клучни докази против криминалните групи на Вељко Беливук наречен Веља Невоља, Марко Миљковиќ и Дарко Елез, во текот на вештачењето на мобилните телефони на припадниците на овие екипи, како и на нивните соработници. Во нивните телефони се пронајдени видеа на кои се гледаат свирепи злосторства. Видеата се снимани со цел да бидат условувани и заплашувани останатите ривали и потенцијални жртви на овој криминален клан.Во телефонот на една од приведените девојки, се пронајдени фотографии од сакатење на луѓе, објавуват српските медиуми.

Во меѓувреме иако сензационалистички најавени, снимките од бруталните убиства, вчера не беа пуштени во јавноста. Најавата дека видеата ќе бидат објавени во медиумите од кои ќе се згрози целиот свет, очигледно е пролонгирано бидејќи родителите на исчезнатите млади момчиња кои се водат за исчезнати и за кои се смета дека се дел од видео снимките побараа од претседателот Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља.

Засега српските власти најавуваат дека видеата би можеле да излезат во јавноста за време на предстојниот викенд. Инаку, групата на Веља Невоља е уапсена пред еден месец на различни локации и тоа во момент кога сите тргнале да ги запалат автомобилите за да уништат траги од злосторства. Оваа криминална група се сомничи за најгнасни криминални дела како киднапирања, мачења и убиства. Осомничена е дека стои и за исчезнувањето на повеќе од 10 мажи во Белград.

Засега се осомничени за три свирепи убиства, а опсежната истрага против припадниците на овој клан се уште е во тек – пребарани се сите локации кои ги користела оваа криминална група, засолништата, сефовите, но и ноќните клубови кои ги обезбедувале и во кои поминувале подолго време. Во тек се сослушувања на сите кои имаат некакви врски со оваа опасна криминална организација, која меѓудругото, тесно соработувала со црногорскиот кавачки клан.

Прочитајте и...  ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар