ВИДЕО | Андоновиќ: Наместо ветената дипломатија, Бајден започна да бомбардира

Фото: EPA-EFE/Doug Mills / POOL

За нешто повеќе од месец дена од својата претседателска инаугурација американскиот претседател Џозеф Бајден ја нареди својата прва бомбашка кампања. Мета на нападот на Бајден беше база на проиранските милиции Катаиб и Хезболах во источниот дел на Сирија, а главен повод беше одмазда за нивните напади изведени минатиот месец врз американските воени бази во Ирак.

Се претпоставува дека со овој напад Бајден сака да му упати порака на Иран дека времнето на празните закани кои Трамп ги упатуваше се минато и дека Техеран може многу лесно да биде цел на американска воена инвазија доколку не се прифати нуклеарниот договор со САД – запирање на производството на ураниум во замена за укинувањето на американските санкции.

Дека Техеран и Вашингтон се приближуваат до остра реторика и воена конфронтација доаѓаат и најавите на иранските челници кои го зголемија за 20 проценти производството на ураниумот, што Американците го гледаат како голема воена закана за американската национална безбедност. Но и покрај се, ракетниот напад врз позициите на проиранските милиции во Сирија предизвика конфронтации и внатре во САД.

Имено нападот Бајден го нареди без одобрување на Конгресот, што предизвика остри реакции меѓу конгресмените од редовите на демократите. Американскиот конгрес уште од крајот на Втората светска војна нема прогласено официјално воена состојба што на американските претседатели им се даваше авторитет сами да покренуваат воени акции и операции во светот. Меѓутоа она што Конгресот го одобрува е употреба на одредена и дозирана воена сила, воведена по теорорстичлките напади на 11 септември 2001- та година, но сепак конгресот да биде информиран, што во овој случај тоа не беше сторено.

Според историјата, изминатите две децении четири американски претседатели во минатото го искористиле ова право за изведување на воени акции врз 19 држави во светот.

Ракетирањето на позициите во Сирија навестува една старо нова политика на новиот американски претседател. Американскте медиуми пак со краток коментар дека со новата акција врз Сирија Бајден демонстрира дека ветената „нормалност“ може да подразбира и „неуставност и неморал“, а кои ќе бидат следните цели на ваквиот тип на превентивни акции во светот ќе се види во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот