ВИДЕО | Андоновиќ: На денешен ден пред 41 почина Тито

На денешен ден пред 41 година почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито Тито кој беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година.

Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор. Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.

Според Евровизија погребната церемонија на Тито било најгледано телевизиско случување во 20 век, веднаш по преносот од слетувањето на мисијата Аполо 11 на Месечината.

Денешниот ден ја означува и 10- годишнината од убиството на Осама бин Ладен водачот на терористичката Ал каеда Во почеток создаден и подржуван во борбата против советската окупација во Авганистан, Бин Ладен откако веќе не им користеше на САД, беше ставен на прво место на американската листа на терористи и непријатели.

Десет години по убиството на Осама бин Ладен, водачот на Ал Каеда, кој ги нападна Светскиот трговски центар и Пентагон на 11 септември 2001 година, многу прашања во врска со неговиот дејствување остануваат неодговорени, но сигурно е дека станува збор за човек кој на почетокот на неговата кариера беше корисен за Американците Бин Ладен првично го негираше нападот врз Светскиот трговски центар, во кој беа убиени 3.000 луѓе, за во 2004 година да признае дека бил иницијатор.

Во 2011 година, тогашниот американски претседател Барак Обама нареди тајна операција за апсење или убиство на водачот на Ал Каеда. Осама Бин Ладен беше убиен на 2 мај во Аботабад, Пакистан од американските специјалци, во операцијата со кодно име „Џеронимо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот