ВИДЕО | Андоновиќ: Меѓусебно признавање на Србија и Косово единствено решение според САД

epa09240622 Miroslav Lajcak (L), EU Special Representative for the Pristina-Belgrade Dialogue and Matthew Palmer (R), US Secretary of State's Special Representative for the Western Balkans leave after a joined press conference following their meetings with Kosovo's political leaders in Pristina, Kosovo, 01 June 2021. Matthew Palmer and Miroslav Lajcak are on a two-day official visit to Kosovo. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер по средбата со српскиот државен врв во Белград изјави дека Приштина не е подготвена да преговара околу границите и територијата но и дека но исто така смета дека е „апсолутно можно“ ако српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот, Министерот за привремени институции на Приштина, Албин Курти, годинава потпишат договор меѓу Белград и Приштина.

Палмер рече дека смета дека Приштина не е подготвена да преговара за границите и териториите, потенцирајќи дека верува дека во овој момент има многу попродуктивни области за разговор.

Една од нив според очекувањата на Палмер се исчезнати лица, област околу која двете страни можат да постигнат договор“, Во исто време, тој посочува дека Соединетите држави го охрабруваат, „како што тоа го сторија досега, за целосна имплементација на Бриселскиот договор и сите негови области, вклучувајќи го и формирањето на Заедницата на српските општини на Косово.

На прашањето дали може да се очекува Вучиќ и Курти да потпишат договор меѓу Белград и Приштина во 2021 година, Палмер одговори дека „смета дека тоа е апсолутно можно“. „Но, навистина зависи од нив, и она што би сакале е да ги охрабриме да се вклучат.

И претседателот Вучиќ и премиерот Курти имаат силна политичка поддршка, тие се во позиција сериозно да се вклучат во целиот процес, да ги идентификуваат деловите каде што може да се постигне договор и да помогнат целиот процес да се одвива напред “, смета американскиот официјален претставник.

Тој повторува дека Соединетите држави „гледаат на меѓусебно признавање како резултат што конечно ја остава оваа тема во минатото и ги става Србија и Косово во позиција да одат напред“, додавајќи дека ќе биде потребно повеќе време и напорна работа. И српскиот претседател Вучиќ со оптимизам дека очекува продолжување на дијалогот со Приштина.

Тој повтори дека верува во можност за постигнување компромисно решение, покрај тоа што засега не посочи на што го базира својот оптимизам. Вучиќ изминатата недела во српската јавнос обелодени дека Белград се наоѓа под жесток меѓународен притисок за признаање на Косово, како и дека не ја менува својата позиција околу косовското прашање.

Дополителна енигма за оптимизмот на Вучиќ е и ставот на Приштина дека нема да подржи ниту пак планира формирање на Заедницата на српските општини на косово едно од клучните барања на Белград за српското население кое живее во покраината. Одговор на сето ова е можно да се добие денеска за кога срппскот престедател најави дека ќе обелодени пред српската јавност што е договорено со Палмер и Лајчак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот