-8 C
Скопје

ВИДЕО | Андоновиќ: Историски ден за Црна Гора – по три децении Мило веќе не е на власт, но создава хаос и обид за државен удар

Црногорскиот парламент денеска одржува седница на која треба да го верифицира мандатот на владата предожена од мандатарот Здравко Кривокапиќ.

Предлогот на Кривокапиќ е влада со 12 министри кои според неговите најави, како приоритет ќе ја имаат борба против корупцијата и криминалот, правдата и рамноправноста, добрососедските односи со земјите од опкружувањето, гарантирање фер изборни услови, намалување на трошоците за јавна потрошувачка, создавање доверба од јавноста и целосна транспарентност за работата на државната администрација.

Меѓу приоритетите се и мерките за економско закрепнување и поддршка на стопанството по пандемијата на коронавирусот. Сепак Кривокапиќ не пропушти да обвини дека актуелната состојба во која во моментов се наоѓа Црнагора е катастрофална а условите во кои власта ја презема тој и неговите 12 министри може со право да се нарече еден вид „државен удар“.

Прочитајте и...  ВИДЕО: По трауматичните сведоштва за сексуалните злодела на Мика Алексиќ, Балканот масовно го споделува ова видео од новинарката Јелена Обучина

Тој ја обвинува претходната власт во заминување дека создава хаос спроведува сценарио на заостаната земја, со цел дополнително да ја проблематизира работата на новата влада. Експлицитен пример е нарушувањето на дипломатските односи со Србија, време темпирано токму кога власта на Мило е во заминување.

По неодамнешното протерување на Српскиот амбасадор од Подгорица кој е обвинет дека се меша во внатрешните работи на Црна Гора и укажувањето на ЕУ и гестот на Белград да ја повлече реципрочната мерка и сепак да го остави црногрскиот амбасадор во Белград, црногорското МНР засега одбива да ја намали тензијата и не дозволува враќање на високиот српски дипломатски претставник во Црна Гора. За одбивањето да ја повлече одлуката за протерување на српскиот амбасадор, обвинето е МНР на Црна Гора кое е раководено од владеачката партија на Мило Ѓукановиќ, кое според Кривокапиќ, има за цел да ги уништи односите на братскиот црногорски и српски народ. Но дека владата на Кривокапиќ нема така лесно да владее е и фактот дека уште не формиран, предложениот владин кабинет е оценет како непотистички и полн со партиски кадровски послушници.

Прочитајте и...  Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка-Деве Баир во прекин: Судир на две патнички возила кај селото Длабочица

Според обвинувањата Кривокапиќ на местотото министер за финансии го поставил својот зет за ќерка, а на останатите ресори, послушни партиски војници, но и според обвинувањата на Белград, кадровски решенија кои биле блиски со претходната гарнитура во партијата на Ѓукановиќ.

Останува да се види како малата Црна Гора, која изминатиов период се соочува со перманентна политичка криза, ќе успее да ја протурка транзицијата на новата власт по три децениското владеење на партијата на Мило Ѓукановиќ.

Поврзани вести

Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се братски потег

Слободен печат

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Богојавление – Водици

Слободен печат

Србија ја започнува имунизацијата со вакцини од четири производители

Слободен печат

Поради полициска вежба патот кон Пониква во прекин

Слободен печат

ВИДЕО: По трауматичните сведоштва за сексуалните злодела на Мика Алексиќ, Балканот масовно го споделува ова видео од новинарката Јелена Обучина

В.Т.

Царовска: За реформите имаме силна поддршка од меѓународната заедница

Слободен печат

Остави Коментар