20 C
Скопје

ВИДЕО | Андоновиќ: Иран ја започна пост-американската ера

И покрај забраните, повеќе годишните санкции и закани од евентуална воена интервенција Иран започна да прозиведува ураниум. Се работи за метал ураниум кој според властите во Техеран има за цел да ја подобри и засили енергетските капацитети на земјата, рече новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека во погонот во Испахан е регистрирано присуство на метал ураниум што претставува грубо кршење на договорот за иранската нуклеарна програма склучен со Меѓународната агенција за атомска енергија. Од агенцијата предупредија дека овој вид ураниум може да се користи и во производство на нуклеарно оружје.

Договорот за иранаската нуклеарна програма потпишан во 2015 година предвидуваше ограничување на збогатување со ураниум во замена за укинување на економските санкции кон Иран. Во 2018 година САД еднострано се повлекоа од Договорот, а Техеран почна да не ги почитува одредбите.

Фото: EPA

Овој договор беше буквално на „апарати“ откако минатата година беше ликвидиран еден од високите функционери во иранската армија Генерал Касам Сулејмани. Ликвидацијата на командатот на иранската републиканска гарда, Сулејмани од страна на САД ја прели чашата со трпението на Техеран кој сега тргнува во процесот на забогатување на ураниумот.

Иран, заедно со Ирак и Северна Кореа беше дел од таканаречената „оска на злото“ , држави кои поранешниот претседател Џорџ Буш ги нарече земји кои се закануваат на безбедноста на светот.
САД извршија инвазија врз Ирак и го сменија тамошниот режим на Садам Хусеин кој според Вашингтон сакаше да произведе нуклерано оружје. Во времето на администрацијата на Доналд Трамп Вашингтон ги подобри односите со комунистичка Северна Кореа за избегне евентуален конфликт. Пацифистичкиот пристап на Трамп кон комунистичка Кореа се толкува дека можеби Пјонгјанг веќе има атомско оружје, па Трамп наводно не сакал да ризикува. Но со сигурност доколку не му завршеше мандатот, Трамп и неговата воено политичка гарнитура планираа воена инвазија врз Иран.

Неговиот наследник Бајден пак, со оваа вест за производство на метал ураниумот, добива причина но и аргумент да изведе воена операција за спречување на производството на иранското атомско оружје.

Засега, новиот претседател Бајден и натаму му нуди на Техеран договор: Иран да прекине со збогатување на ураниумот во замена за укинување на меѓународните санкции кон Иран.

Иранскиот верски Лидер Али Хамнеи пак на оваа понуда на Бајден возврати кратко:„Постамериканската ера е започната“.

Останува да се види дали можеби на крај главното влијание врз Иран ќе го издејствуваат неговите најголеми сојузници Кина и Русија, или можеби сето ова ќе доведе до нов регионален конфликт во Персискиот залив.

Поврзани вести

ВИДЕО | Необична појава во центарот на Солун: Дива свиња се прошета на главниот плоштад

Слободен печат

Курти нема да бара гаранции за поранешните водачи на ОВК

Слободен печат

Забрчанец: Медиумите дадоа сериозен придонес во спасување човечки животи, но неопходна е кампања за едукација за вакцините

Слободен печат

ВИДЕО I Индонезија: Вулканот Синабунг почна да исфрла облаци од пепел

Слободен печат

Деспотовски: Од почетокот на годинава потпишани пет договори, а се преговора со повеќе за над 300 милиони евра инвестиции

Слободен печат

СЗО: Повеќе случаи на ковид-19 се пријавени ширум светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата

Слободен печат

Остави Коментар