ВИДЕО | Андоновиќ: Импичментот на Трамп уставен, исходот на отповикувањето однапред осуден на пропаст

epaselect epa06270049 US President Donald J. Trump and Senate Majority Leader Mitch McConnell (not pictured) speak to the media after meeting for lunch at the White House in Washington, DC, USA, 16 October 2017. President Trump answered questions about Puerto Rico, North Korea, health care, and Hillary Clinton. EPA-EFE/JIM LO SCALZO
И покрај заминувањето од претседателската функција, поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и натаму е во фокусот на светската јавност. Иако заврши неговиот 4 годишен претседателски мандат, тој не заврши со испишување на историјата на политиката во САД. Овој пат се работи за сенатската иницијатива за процесот на отповикување на Трамп од престедателската функција. Историската ролја ја добива во улога на прв поранешен престедател за кого и покрај заминувањето од престедателската функција ќе се одлучува тој да биде отповикан. Бидејќи нема од каде да замине, штетата која може да му биде нанесена е Трамп доколку биде отповикан да нема право во иднина да се занимава со политика, ниту пак да извршува јавни државни функции, изјави во Утрински брифинг новинарот Дејан Андоновиќ.
Се чини дека иницијатативата на сенатот е токму инспирирана од ова, ако се земе во предвид дека токму Трамп кој се уште не го признава поразот на претседателските избори, најавува дека за 4 години, по истекот на мандатот на Бајден, планира повтрно да се кандидира на претседателските избори. Демократскиот дел од сенатот околу 50 сенатори не кријат дека по поразот на Трамп планираат сега да го поразат и таканаречениот „Трампизам“ и сето она што тој како претседател изминатите четири години се обиде да го инсталира како политика и вредности на САД. Сепак, мала е веројатноста дека Трамп ќе отповикан односно ќе продолжи да испишува нови страници во политичката и претседателска историја на САД. Во моментов во сенатот има 50 демократски сенатори кои сигурно ќе гласаат за негово отповикување. но се поизвесно е дека нема да ја имаат поддршката од доволниот број (17) републикански сенатори.. Иако голем дел од републиканските сопартијци на Трамп во минатот најавуваа дека би гласале за отповикување на Трамп, судејќи според последното расположение, сепак нема да ја подржат демократската иницијатива.
Конечно Трамп најверојатно е минато за републиканците кои по својот кандидат на претходните избори ќе мораат да бараат нов наследник во претедателската трка за четири години. Дотогаш Трамп во свој стил, како што самиот вели, ќе игра голф, ќе ужива во комодитетот на својата претседателска апанажа и ќе ја плаши американската јавност дека кога се ќе заврши, ќе ја мобилизира своја трета политичка опција и за четири години ќе се обиде да го повтори успехот од 2016 година кога беше избран за претседател на САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот