ВИДЕО | Андоновиќ: Иако лидер по број на вакцини, Србија во карантин
Србија изминатиот викенд беше во дводневен целосен карантин поради растечките бројки на новозаразени и починати лица. Според српските власти одлуката за затварање и забрана за движење била донесена по енормно растечкиот број на новозаразени кој за едно деноноќие се искачил на повеќе од 4.000 новозарзени и 17 починати.
Мерките како што тврдат срспките власти треба да ја сузбијат и недисциплината која, како што потенцираа, владее кај дел од граѓаните кои грубо ги прекршуваат пропишаните мерки. Зачестени се рациите и полициските упади на бројни таканаречени ковид забави, каде се приведуваат и по неколку стотини лица кои без заштитни маски се групираат во затворнеи простории.
Дел од Кризниот штаб, пред се од медицинската фела побараа од политичарите да воведат поригорнозни мерки. Епидемиолозите бараат од владата да воведе 7 дневен карантин, кој, какошто сметаат, е единствен разумен временски рок да се сузбие растечкиот број на новозаразени. Според епидемиолозите во Србија најмногу е присутна таканаречената британска мутација, која според нив брзо се шири особено меѓу младите кои воедно се и најнедисциплинираните за почитување на мерките за забрана за собирања.
Во наредните денови српскиот Кризен штаб треба да одлучи дали ќе воведе дополнителни мерки и повеќедневен локдаун или ќе остане само на сегашните. Се смета дека иако вакцинацијата е во тек, мора да помине подолго време за таа да даде резултати, па оттаму нема простор за опуштање, велат епидемиолозите.