ВИДЕО | Андоновиќ: Холандија се соочува со најголеми протести во последните неколку децении, 150 уапсени поради карантинот

Фото: EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Во Холандија за првпат по втората светска војна е прогласен полициски час со цел да се запре ширењето на коронавирусот во оваа држава. Холандската влада воведе карантин односно забрана за движење од 21 часот навечер до 5 часот утрината, што предизвика огромен гнев кај Холанѓаните.

Веќе трет ден на улиците на повеќе холандски градови се одржуваат демонстрации на кои граѓаните протестираат поради воведените мерки. Она што можеби е и најголемо изненадување се судирите со полицијата и нивната жестина со која веќе три дена холандските власти се обидуваат да ги смират.

Последниот биланс во судирите на полицијата и демонстрантите изнесува над 150 уапсени, повеќето млади лица меѓу кои и малолетници кои протестите ги скористија за изразување на гнев и насислтво.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека протестите немаат врска со мерките на владата и карантинот туку дека овие лица на улиците прават кривично дело. Полицијата соопшти дека напишале речиси 6.000 казни за кршење на мерката за забрана на движење меѓу 21 часот и 4:30 часот.

На социјалните мрежи протекоа фотографии и видеа во коиј се прикажува и осудува бртуалноста на холандската полиција во сузбивање на протестите. Холандската полиција на овие тридневни протести ја демонстрирала својата бруталност и прекумерна употреба на сила. Биле користени водени топови, кои не биле насочени масата туку кон поединци, кои би можеле да настрадаат во оваа полициска интервенција.

На една од снимките е прикажана и девојка чија глава крвари по ваквата интевенција на полицијата, што беше осудено од голем број на демонстрантите. Од почетокот на пандемијата на Ковид до сега во Холандија се регистрирани над 1 милион случаи на ковид -19, а починаа повеќе од 135 илјади луѓе. Токму овие алармантни бројки ја принудија холандската влада да преземе порадикални мерки и да воведе карантин во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот