ВИДЕО | Андоновиќ: Ескалација на односите меѓу Франција и Турција

Турција ја обвини Европа за плашење на муслиманите поистоветувајќи ги со она што на Евреите им се случуваше во 20 век, изјавуваат турските официјални преставници.

Според нив „навредливите карикатури“ на пророкот Мухамед се користат за заплашување на муслиманите во Европа под изговор на слобода на говорот. Париз пак, го повлече својот амбасадор од Анкара, што е прв пат Франција да повлече свој амбасадор откако минатата година својот висок дипломатски преставник го повлече и од Рим поради подршката на Италија на протестот на Жолтите елеци.

Потегот на Париз уследи по многу острите коментари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој во саботата на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон, поради аферата со карикатурите на Мухамед. Го доведе во прашање „менталното здравје“ на францускиот претседател и му советуваше да почне да се лекува. Оваа тешка и дипломатски скандалозна квалификација на Ердоган беше предизвикана од изјавите на францускиот претседател Макрон кој искажувајќи му почит на Самуел Пати, на кого муслимански напаѓач му ја отсече главата откако на своите ученици им ги покажувал карикатурите на Мухамед на час по слобода на говорот, најави дека ниту тој како претседател ниту пак Франција како држава нема намера да се „откаже од карикатурите“.

Франција е на позиции дека слободата на говорот мора да остане додека пак Турција е со став дека некои европски лидери ги напаѓаат муслиманските вредности и начинот на животот на муслиманите. Европските држави засега ја осудуваат реториката на Ердоган обвинувајќи дека тој лажно се претсавува како заштитник на муслиманите на целосно инструментализиран начин“.

Европјаните сметаат дека Ердоган сака „да го искористи тој драматичен настан за да го истакне следното: Франција се бори против муслиманите, а сѐ за луѓето да ги поистоветат исламот и исламизмот“. Дипломатскиот судир на овие две држави членки на НАТО всушност е последица на различните геостратешки позиции на голем број проблеми и конфликти во неколку точки во светот Париз и Анкара се на спротиставени позиции и сојузништва околу судирот во Нагорно Карабах. Ерменија ужива подршка од Франција додека пак Турција не ја крие попмошта која ја дава на Азербеџан и неговата армија.

Слично е и во војната во Либија и во Средоземјето каде Турција влегува во меѓународните води присвпојувајќи ги за свои, додека Франција ги подржува засегнатите држави како Грција и Кипар во овој спор. Истите конфронтации траат и во војната во Сирија.

Засега останува позицијата на Макрон кој исламот го објаснува како религија која е во криза, но и дека шест милиони Французи од исламска вероисповед се во опасност да создадат контра општество. Овој негов став, ја разгорува реториката, дипломатската но и трговската војна со Турција која се закани дека ке лобира до своите муслимански и арапски браќа во иднина да бојкотираат купување на француските производи.

Проследете ја целата анализа на Дејан Андоновиќ:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот