1.1 C
Скопје

ВИДЕО | Андоновиќ: Еден мандат, две отповикувања

Доналд Трамп стана првиот американски претседател во историјата на државата против кого двапати во еден мандат е спроведен процес на импичмент откако Претставничкиот дом го обвини за „поттикнување бунт“ за неговата улога во упадот на толпа негови приврзаници во Капитол минатата недела. Во упадот загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Долниот дом на Конгресот денеска гласаше со 232 наспроти 197 во корист на импичмент на претседателот по немирите во кои загинаа пет лица, а 10 републиканци им се придружија на сите демократи во гласањето за обвинување на Трамп. По одобрувањето, постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето. Засега не е познато кога ќе започне постапка, со оглед дека од мандатот на Трамп останаа уште осум дена.

Прочитајте и...  ИЈЗ: Намален бројот на нови случаи со Ковид-19 и на починати

Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде осуден и сменет претседателот. Познавачите не очекуваат дека во Сенатот ќе биде донесена одлука за отповикување, но со просто мнозинство може да одлучи дека тој нема да може да се кандидира за втор мандат. Републиканците кои гласаа за импичмент на Трамп беа предводени од Лиз Чејни, трета рангирана републиканка во Претставничкиот дом, која го потресе Вашингтон објавувајќи ја својата намера да се спротивстави на претседателот.

Досега ниту еден претседател на САД не бил „протеран“ од Белата куќа преку процесот на отповикување. Тројца – Трамп во 2019 година, Бил Клинтон во 1998 година и Ендру Џексон во 1868 година – беа отповикани во Претставничкиот дом, но беа ослободени од обвиненијата во Сенатот.

Прочитајте и...  Почна реконструкција на тоалети во кумановската гимназија „Сами Фрашери"

На 20 јануари, Џо Бајден ќе ја преземе функцијата од Доналд Трамп и ќе стане 46. претседател на САД. На должност тогаш ќе стапи и првата жена потпретседателка, Камала Харис. Во пресрет на инаугурацијата почнаа да се објавуваат и детали за церемонијата. Поради пандемијата со ковид-19, инаугурацијата во најголем дел ќе биде виртуелна, како што беше и голем дел од изборната кампања на Бајден и Харис. Се очекува, свечената заклетва традиционално, Бајден да ја даде на скалите пред зградата на Конгресот, пред тревникот на Националниот парк, настан кој секогаш привлекувал стотици илјади луѓе. Меѓутоа, тоа нема да биде случај и сега. Организаторите уште од претходно предупредија дека ќе има ограничен број на присутни на церемонијата, а и останатите пропратни настани нема да бидат како досега. Поради ковид-19, во најголем дел инаугурацијата ќе биде виртуелна. Ќе се организира и специјално телевизиско шоу чиј домаќин ќе биде актерот Том Хенкс, а во кое ќе настапат неколку музички ѕвезди.

Прочитајте и...  Усвоено е дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на повеќе категории на граѓани

Поради немирите во Капитол Хил на 6 јануари, пак, безбедноста во Вашингтон ќе биде на највисоко ново на 20 јануари кога се планира да бидат распоредени 20 000 припадници на националната гарда.

Поврзани вести

Hello, Moscow calling: Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден по трансферот на власта во Вашингтон

Слободен печат

Бајден уверен: „Северен тек 2“ е лош договор за Европа

Слободен печат

Западните соседи во проблеми од обилните врнежи на дожд: Поплави во Албанија, Скадар е пред вонредна состојба

Слободен печат

Филипче: „Мој термин“ ќе има клучна улога во процесот на имунизација против ковид-19, имаме залихи од Ивермектин и Клексан

Слободен печат

Студен туш од Атина за Србите: Нема договор за влез во Грција оваа сезона

Слободен печат

Со 75.000 денари од општинската каса: Поставени пет мерни станици за аерозагадување во Свети Николе

Слободен печат

Остави Коментар