ВИДЕО | Андоновиќ: Бајден започна со корекции во американската политика од која 4 години отстапуваше Трамп

epaselect epa08954623 US President Joe Biden signs executive order on Covid-19 during his first minutes in the Oval Office, in the White House, Washington, DC, USA, 20 January 2021, following his inauguration as 46th President of the United States of America. EPA-EFE/Doug Mills / POOL

Израел побара од новиот американски претседател Џозеф Бајден да не ги враќа САД во иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, дури и доколку ги заостри своите услови. Ова барање на Израел уследи откако новата администрација на Бајден најави дека ќе ги разгледа опциите за возобновување на иранскиотр нуклеарен договор од кој Доналд Трамп во 2018 година се повлече.

Договорот од 2015 година поставува ограничувања на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции. Израел силно се спротивставува на тоа затоа што верува дека не вовел доволно заштитни мерки за да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Земјата го поздрави повлекувањето на Трамп од договорот од 2018 година.

Коментарите доаѓаат во време кога и Израел и Иран се обидуваат да извршат притисок врз американскиот претседател Џозеф Бајден пред тој да го објави повторно пристапување на САД кон иранската нуклеарна програма. Веднаш откако го презеде функцијата во Белата куќа, новиот претседател најави дека планира да го заживее договорот, со одредени измени, што беше поздравено од официјален Техеран, кој за време на мандатот на Трамп на неколкупати стравуваше од можна американска воена интервенција.

Иако Израел ја поздрави победата на Бајден на избори во САД, сепак се чини дека со неговиот претходник Трамп има исти позиции во однос на Иран. Оттаму и заканата на шефот на Израелскиот генералштаб кој изјави дека веќе издал наредби на израелската армија да подготви воени планови за напад врз Иран за кој смета дека со своето нуклерано оружје останува главна заказна за безбедноста на еверјската држава.

Иранскиот нуклеарен договор бил дел од темите во вчерашниот телефонски разговор меѓу Бајден и рускиот претседател Владимир Путин прв по доаѓањето на Бајден на претседателската функција. Русија е голем сојузник на Иран, и интересот на Москва е Вашингтон да се врати на овој нуклеаран договор.

Двајцата претседатели разговорала и за повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, регулирање на конфликтот во Украина, борбата со Ковид-19, како и за Договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување. Бајден му укажал на Путин дека САД се загрижени за труењето на опозициониот лидер Алексеј Навални, и дека одлучно ќе ги бранат своите интереси и интересите на прозападните политички опозиционери во Русија. Телефонскиот разговор Бајден и Путин бил по иницијатива на руската страна, соопшти Белата куќа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот