ВИДЕО | Андоновиќ: Бајден симболично на 11 септември ќе ги повлече сите војници од Авганистан и ќе стави крај на најдолгата американска војна

Терористички напад во Конго/ Фото: EPA-EFE/WATAN YAR

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека сите американски воени сили ќе бидат повлечени од Авганистан до 11 септември годинава, кога се одбележува 20-годишнината од терористичкиот напад на Вашингтон и Њујорк.

Војната започна на 7 октомври 2001 година, како одговор на терористичките напади на 11 септември 2001 година врз Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа околу 3.000 луѓе. Како воен одговор на овие напади САД и сојузниците испратија над 100 илјади американски трупи во Авганистан каде заедно со своите сојузници 21 година се бореа против талибанскиот режим и исламистичките организации преводени од Ал каеда. Во 21 годишните судири, САД успеаа да го урнат режимот на Талибанците предводен од Мула Мухамед Омар и да ги неутрализираат ќелиите на Ал каеда , како и да го ликивидраат главниот виновник за нападите Осама бин Ладен.

Во војната загинаа над 39 илјади цивили и над 3.000 американски војници. Дваесет и една година подоцна во Авганистан се наоѓаат околу 2.700 Американци и 700 британски специјални воени формации за кои е најавено повлекувањето. Останува да се види која е геостратешката цел за ваквото воено повлекување.

Според инфомациите дел од овие трупи треба да бидат распоредени во американските бази во Германија каде во моментов се наоѓаат 35 илјади американски војници. Од Вашингтон информираат дека целта е да се зголеми безбедноста на Европа. Сепак се отвара можноста за шпекулации кои укажуваат дека прераспоредувањето на војската на САД во Европа е поврзана со најновите тензии на Русија со САД и НАТО каде изминативе недели буквално се очекува избивање на воен конфликт.

Исто така потегот на Вашингтон за повлекување на своето воено присуство од Авганистан, ја доведува во рпашње и иднината на оваа сиромашна и нестабилна држава. Тамошните племиња пред се Талибанците денеска најавија дека нема да преговараат со меѓународната заедница и САД за иднината на земјата се додека не се повлече и последниот американски војник од нивната земја. Овој став го враќа повторно Авганистан на позициите од пред 21 година кога на власт беа Талибанците кои со земјата владееа во духот на муслиманските шериатски закони, поставени од пред неколку векови.

Иднината на оваа држава по повлекувањето на САД и НАТО може повторно да предизвика меѓу племенски судири за освојување на власта. Во Авганистан живеат бројни народи и племиња. Најголемите од нив се Таџикијците, Узбеците, Талибанци и Паштуните. Сите овие народи се спротиставени што во минатото предизвикуваше вооружени судири меѓу нив.

Но, и покрај се Аганистан го зачува својот имиџ на држава во која сите големи империи, во различни историски периоди, доживувале порази и неуспех да ја освојат. Од Александар Македонски и Јулиј Цезар, преку Британската имерија и моќниот Советскиот сојуз, сега и САД се повлекуваат од Авганистан со високо платена цена и неуспех да воспостават мир, демократија, напредок и цивилизациски вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот