ВИДЕО: Андонова постигна гол во дербито против Атлетико Мадрид

фото: facebook.com/LUDFemenino

Денеска во дербито на шпанската женска фудбалска лига екипата на Леванте со 2:1 дома триумфираше над Атлетико Мадрид (2:1).

Македонската фудбалерка Наташа Андонова која го одигра скоро целиот меч (настапи до 90 минута) при резултат 1:0 успеа да ја зголеми предноста во 68 минута.

Ова е прв нејзин гол сезонава во шампионатот, а претходно запиша настапи и против Атлетик Билбао и Алхама.

Претходно домашниот состав дојде во позитива по автоголот на Менајо (30`), а единствениот погодок за гостинките го постигна Сташкова во 89 минута.

На табелата води Барселона со девет бодови колку што има и Леванте на втората позиција, следуваат Атлетико Мадрид, Лас Планас и Мадрид со по шест бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот