ВИДЕО: Андонова асистираше во убедливата победа на Леванте против Атлетик Билбао

фото: facebook.com/LUDFemenino

Денеска во рамките од 16 коло во најсилното шпанско фудбалско првенство во женска конкуренција составот на Леванте славеше со 0:3 на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Придонес во триумфот имаше македонската фудбалерка Наташа Андонова која беше асистент на првиот погодок, стрелец беше Редондо Ферер во 14 минута.

За зголемување на позитивата на стартот од второто полувреме се погрижи Пинто по асистенцијата на Рамирез која во 88 минута го постави конечниот епилог по додавањето на Банос.

На табелата Леванте е на второто место со 38 бодови, четири помалку од Барселона со напомена дека каталонскиот клуб има два меча помалку.

Во следното коло Леванте на 28 јануари на домашен терен ќе ја пречека екипата на Алхама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот