ВИДЕО | Анализа: Збунувачки делува оптимизмот на Мицкоски

Мицкоски и Макрон / фото: X / Hristijan Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е голем оптимист по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон дека Македонија ќе успее да го одблокира патот до преговорите на ЕУ, иако неговиот соговорник јасно изјави по состанокот дека Франција ќе ја поддржи Македонија на европскиот пат, доколку нашата земја ги почитува преземените меѓународни обврски.

– Збунувачки делува оптимизмот на Мицкоски по средбите со европските претставници, кога тој вели дека оптимист, а тие изјавуваат дека Македонија треба да ги почитува преземените обврски. Средбата се одржа на маргините на самитот на Европската политичка заедница, каде нашиот лидер посочи дека успеал да ги претстави нашите аргументи пред европските сојузници. Јасно е дека нашиот премиер се обидува да издејствува уставни измени со одложено дејство, но сите политичари од ЕУ инсистираат македонските граѓани со бугарска самосвест веднаш да бидат признаени во нашиот Устав. Макрон недвосмислено изјави дека Македонија ќе ја има поддршката на Франција, доколку претходно ги исполни обврските и тука простор за оптимизам нема  – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Целата анализа погледнете ја на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот