ВИДЕО | Анализа: Во тензична атмосфера Уставниот суд расправа за Законот за употреба на јазиците
Уставниот суд денеска расправа за спорните членови од Законот за употребата на јазиците, во една тензична атмодфера и силно полициско обезбедување. Законот беше донесен во 2017 година, а на сила стапи две години подоцна.
Поранешниот претседтел Ѓорге Иванов при донесувањето на спорниот закон, одби да го потпише истиот објаснувајќи дека тој е во спротивност со Уставот и ја нарушува унитарноста на Македонија. Во меѓувреме и поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи го предложи законот пред Венецијанската комисија, а откако оттаму пристигна негативна оценка за неколку клучни члена од законот, тој кажа дека тоа ќе биде хармонизирано во нашето законодавство. Но, токму сега тој ја преводи т.н. стража пред Уставниот суд, протестирајќи против работата на судиите.
– Манипулација е дека се укинува албанскиот јазик во Македонија, бидејќи Уставниот суд расправа за спорните членови од Законот за употребата на јазиците. Инаку клучните членови од Законот, оние што се однесуваа на двојазичноста на униформите и на двојазичноста во правосудните органи никогаш не беше имплементирано во пракса. Разочарувачки делува и она писмо потпишано од т.н. албански интелектуалци, кои на судиите Албанци им порачаа националниот интерес да го стават над правото и да гласаат против укинувањето на Законот. Мислам дека ДУИ на овој начин се обидува да остане во живот, иако, откако Артан Груби, кој е висок функционер во партијата, се најде на црната листа на американскиот Стејт департмент, мислам дека тоа ќе биде речиси невозможно – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.