ВИДЕО | Анализа: Видеото од Дубаи не му оди во прилог на Филипче
На повеќе портали беше објавено видеото на кое актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, во друштво со поранешниот претседател на партијата Зоран Заев, се забавуваат на песните на Харис Џиновиќ.
– Забавата наводно се одржала во Дубаи, а на видеото може да се види како Филипче е добро расположен. Ова видео секако дека нема да му помогне во обидот тој да се зацврсти на лидерската позиција во СДСМ, но од друга страна не гледам што тој треба да објаснува. Секој има право во своето слободно време да се однесува како сака. Тоа што може да се заклучи е дека власта и опозицијата веќе извесно време се напаѓаат со разузнавачки методи. Прво во фокусот на вниманието беше спорната диплома по англиски јазик на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, а потоа премиерот Христијан Мицкоски од говорницата во Собранието покажа една папка за која кажа дека е полна со лажни сертификати за познавање на англиски јазик од функционери на СДСМ. И оваа снимка со Филипче би ја ставил во ист контекст – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.
Целата анализа погледнете ја следниот линк: