ВИДЕО | Анализа со Спасов и Тасевски: Во војната вистината прва умира, но тешко е да скрие

Никола Спасов и Христијан Тасевски/Фото: Слободен печат

За западните и руските пропаганди кои се шират преку медиумите и социјалните мрежи за војната во Украина во студиото на Утрински брифинг дебатираат аналитичарот Никола Спасов и ИТ експертот Христијан Тасевски.

-Во војната вистината прва умира, па потоа се наметнуваат наративи кои двете страни сакаат да ги наметнат за сопствените потреби, бидејќи станува збор за војна во која што апсолутно е побитно како ќе се претставите, отколку што е реално вистина. Најголем дел од информациите не можат да се потврдат. Има доста аспекти кои што не се до крај се јасни отколку што вистински се случува на терен и тоа е очекувано. Русија не доволно подготвено влезе комуникациски во оваа војна, особено затоа што ја отвори операцијата низ призмата на една претходна подолга лага, а тоа е дека нема да има инвазија, додека западот тоа го потврдуваше и почна војната низ една призма дека Русија подмолно, лажејќи го светот го започна својот напад. Од тука тргна целиот првичен проблем кој го имаше Русија, рече Никола Спасов.

Тој додаде дека руската страна недоволно го процени влијанието кое украинската комуникација може да го има врз мислењето и досегот на информации кои влегуваат во Русија.

Според ИТ експертот Христијан Тасевски, многу комерцијални апликации најдоа примена и предизвикаа делумни проблеми и за едната и за другата страна.

-На почетокот се негираше дека се спрема инвазија, професори во САД утврдија дека со самите анализи на Гугл мапс може да се утврди како се движела војската и оружјето. Исто така, руските војници кои влегуваа на украински терен немаа никаква претходна подготовка па сами преку Фејсбук ги издаваат позициите на руската војска и тоа ги чинеше скапо, рече Тасевски.

Според Спасов украинскиот претседател Зеленски води одлична кампања во однос на тоа од каде се јавува, тоа соопштува, кому му се обраќа.

-Комуницира одлично кон руските мајки, кон украинскиот народ кон западниот свет. Тоа што е актер и има претходно искуство многу му помага во комуникацијата и успева да ги испрати своите пораки преку каналите кои ги користи во оваа војна, нагласи Спасов.

Целата анализа погледнете ја во видеото:

 

Видео на денот