ВИДЕО | Анализа: Од Вучевиќ очекуваме пониски сметки за струја

Кога две соседни земји немаат отворени и нерешени билатерални прашања, тогаш е сосем очекувано лидерите на тие земји често да се среќаваат. Оттаму и денешната посета на српскиот премиер Милош Вучевиќ на Скопје и најавената средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на која се очекува да биде потпишан меморандум за соработка во енергетскиот сектор, посочи новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

– Според сите најави нè очекува многу студена зима. Според тоа што може да се прочита во медиумите, во секторот на енергетиката има многу проблеми. Најбитниот проблем е стар повеќе од две години и е поврзан со војната во Украина и санкциите што меѓу другите ги има воспоставено Македонија кон Руската Федерација. Тоа неколкукратно ги поскапе енергенсите. Проблем е и тоа што иако интерконекторот за гас во Александрополис, Грција е готов, нашата земја не е адекватно поврзана, а тешко дека тоа ќе биде сторено до почетокот на грејната сезона. Затоа оваа соработка со Србија во областа на енергетиката би можела да биде од исклучително значење, со цел да се обезбедат доволен број на енергеси – посочи Ивановиќ.

Целата анализа на Слободен печат ќе можете да ја проследите на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот