ВИДЕО I Анализа на новинарот Лука Андреев за завршните зборови во случајот „Таргет-Тврдина“

Обвинителителите презентираа прилично уверливи завршни зборови во случајот Таргет-Тврдина. Имаше интересни моменти да се слушаат – начинот на вадење на разговорите, среќавањата во град, како биле на готовс да ги уништат, откриени се и локациите од каде се случувало тоа. Едната локација е карши гимназијата Јосип Броз – Тито, поранешните канцеларии кај Агенцијата за исселеништво, простории кај средното музичко, зграда кај новата железничка, изјави во Утрински брифинг Лука Андреев, новинар на „Слободен печат“.

Обвинтетите и нивната одбрана веројатно очекуваа ваков исход – обвинителството побара максимални казни. Одбраната сака да го оддолжи процесот, односно нивините зборови да не бидат на 19.02, се спомнуваат некакви игри, но тоа судот нема да го дозволи. На моменти се презентираа голем број на вештачења.

Интересно е што освен политичири, прислушувани се и бизнисмени, па така имало јавна набавка во државна институција, понудени се одредени суми, но тој разговор е прислушуван, па друга фирма понудила пониска цена, што е класичен пример за тоа како сето ова влијаело и врз бизнис заедницата, вели Андреев.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот