ВИДЕО | Анализа: Македонија е деструктивна по руските духовни и морални вредности?!
На уште едna „црнa листа“ на Руската Федерација, се најде Македонија, заедно со уште 47 други држави, поради т.н „деструктивни ставови кои се во спротивност со руските духовни и морални вредности“.
– Македонија се најде на една обновена „црна листа“ на Руската Федерација, иако повеќе од две години нашата држава е на „црниот список“ на Кремљ, поради војната Украина, руската инвазија и воената помош што ја испраќа Македонија за украинската војска – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.
Македонија на оваа листа на официјална Москва е заедно со уште 47 други држави, поради наметнување на т.н „деструктивни ставови кои се во спротивност со руските духовни и морални вредности“.
Станува збор за истите земји, кои Кремљ ги прогласи за непријателски уште пред две години. Тоа се сите членки на НАТО и ЕУ, со исклучок на Турција, Унгарија и Словачка.
Погледнете ја целата анализа на Срѓан Ивановиќ во утринската програма на Слободен печат.