ВИДЕО | Aнализа: Лазаров и неговите пулени покажаа дека можат и умеат

Македонската ракометна репрезентација вчера одигра нерешено со селекцијата на Унгарија која на последното европско првенство беше петтопласирана. Освоениот бод е успех за ракометарите, но сепак може да жалиме што не го стартувавме мундијалот со победа бидејќи на минута до крај Македонија имаше напад за +2 но ја загубивме топката и Унгарците преку Лигетвари израмнија на конечни 27-27.

„За влакно ни избега победата, имавме напад за два разлика, но се изгубивме, се исплашивме од победата. Тоа би го препишал на неискуството на играчите. Сепак играта на македонската репрезентација ги изненади многумина. Одлуката на Лазаров да ги закаже и изврши подготовките во Стара Пазова, да се тргнат од целиот медиумски притисок, даде резултат. Се гледа дека ракометарите се поопуштени за разлика од претходните првенства. Морам да потенцирам дека во најдобрите три клубови во Македонија- Вардар, Пелистер и Алкалоид добро се тренира. Со појавувањето на Алкалоид на ракометната мапа ги инспирираше другите клубови повеќе да работат. Вчера видовме дека оваа репрезентација може. Лазаров ги одбра оние играчи за кој верува во моментов дека се најдобри во моментов, и тоа го покажаа на теренот“, вели новинарот на Слободен печат, Стефан Крстески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот