ВИДЕО | Анализа: Изјавата на Божиновска ќе биде причина за нов историски спор со Бугарија

Бугарски пасоши/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, прво тврдеше дека не поседува бугарско државјанство, за  потоа од нејзиниот кабинет да порачаат дека таа аплицирала за државјанство на источниот сосед од економски причини. Спорен момент во целата работа е тоа што таа го потпишала барањето за државјанство во кое навела дека таа, но и нејзините родители се со бугарска самосвест – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

– За разлика од огромен број други земји, кога поднесувате документи за бугарско државјанство, еден од условите е и изјава за бугарска самосвест, на вас, но и на вашите родители. Од агенцијата БГНЕС ја објавија копијата од пријавата на министерката Божиновска, во која таа се изјаснува за Бугарка, но тврди дека Бугари се и таткото Блажо и мајката Виолета. Вредно е да се напомене дека таа поднела документи во 2004 година, кога Бугарија не е членка на ЕУ, па тврдењето дека таа извадила пасош од економски причини не е баш уверливо. Штетата е голема бидејќи во иднина нејзината изјава за бугарски корени, како и изјавите на 120.000 Македонци со бугарски пасоши, ќе претставува историска граѓа и предмет на нов спор за историјата меѓу двете земји – вели Ивановиќ.

Целата анализа проследете ја на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот