ВИДЕО | Анализа: ЕУ не е подготвена да ја прими Македонија

Фото: Profimedia/Фотомонтажа/Слободен печат/Златко Зец

Никој не е наивен да влезе во бугарската игра на бескрајни услови и бескрајни вета. Ако е ова последно да разговараме, а ако не е последно не сме наивни уште еднаш да страдаме и да имаме проблеми, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски во македонската влада, Александар Николоски.

– Александар Николоски многу отворено рече дека поради одлуката на големите земји членки на Европската Унија, не кажа кои, а јас би додал Франција и Холандија, проширувањето на Унијата е стопирано на период од 10 години. Тој е песимистичен и дека еврокомесарката за проширување Марта Кос е решена во нејзиниот мандат во Европската комисија, барем една земја од регионот да стане полноправна членка на ЕУ. Николоски кажа и дека е беспредметно да се разговара за Бугари во Устав, доколку Бугарија не е подготвена искрено да стави до знаење дека се откажува од други уцени во иднина. Од ова негово интервју може да се заклучи дека евроинтегративниот пат на Македонија ќе оди бавно, односно ќе биде во блокада сè додека, како што кажа Николоски, ЕУ не биде подготвена да нè прими – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот