ВИДЕО | Анализа: Чистиот како солза Груби, се повлече од политиката

Артан Груби, Али Ахмети, Тирана/Фото: Груби Фејсбук

Артан Груби преку социјалните мрежи порача дека се повлекува од јавниот живот и од политиката, велејќи дека е „чист како солза“, иако од пред неколку дена се најде на црната листа на САД поради сомневање за вмешаност во корупција.

Поранешниот вицепремиер, во објавата напиша дека целиот свој јавен живот бескомпромисно бил посветен на еднаквоста на Албанците во Северна Македонија, за мир во регионот, за целосна интеграција во НАТО, за членство во ЕУ, како и за стратешко партнерство со САД.

– Не постои поамериканска партија во Македонија од ДУИ, а тука во преден план мислам на Артан Груби. Затоа ова негово повлекување не е никакво изненадување. Впрочем, не така одамна од ДУИ пристигна предлогот луѓето од црните листи на странските држави да бидат по автоматизам отстранувани од политиката, за тоа јавно говореше и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Инаку, од ДУИ сметаат дека Груби е невин, но веројатно никој нема да се противи на неговото заминување од политиката, кое доаѓа во еден многу незгоден момент, кога партијата се бори за својот опстанок на политичката сцена – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот