ВИДЕО | Анализа: Ако први се изјасниме за францускиот предлог отвораме простор за нови барања од Бугарија

Францускиот предлог е тема која ги разбуричка духовите и во Бугарија, каде што падна владата иако не поради Македонија, а во Македонија, која се наоѓа во релативно деликатна ситуација, мислењата се спротивставени.

-Ние го дадовме нашиот придонес за состојбите околу активностите за решавање на бугарскиот спор и прилично долго дискутиравме 12 амбасадори и со доста голема аргументација и внимателност. И ние го немавме целиот текст на францускиот предлог но го имавме работниот текст. Сега кога ќе видиме кој ќе биде дефинитивниот текст тој може да биде поинаков во однос на јазикот, но целосно тоа е тоа, вели амбасадорот Мухамед Халили, претседател на Совет на амбасадори.

Халили вели дека практиката на дипломатското дејствување е сѐ додека некој документ нема финална форма за него може да се разговара интерно од субјектите чинители на надворешната политика, а сѐ додека нема јасен став, не може да се даде конечно мислење. Според него, тоа е причината што Владата не се изјаснува.

проф. д-р Ненад Марковиќ, аналитичар
проф. д-р Ненад Марковиќ, аналитичар / Утрински брифинг

-Во принцип не е добро да се изјасниме пред Бугарите. Прво, немаме дефинитев документ. Второ, вчера Бугарите имаа пет нови барања. Што и да кажете, тие повторно ќе го искористат тоа за некое ново барање. Бугарија е земја членка на ЕУ и тие први треба да се изјаснат. Нашата Влада е во непријатна позиција да ѝ се врши притисок да се изјаснува. Мислам дека секое изјаснување од наша страна за документ кој не е финален отвора маневарски простор за другата страна, вели проф. д-р Ненад Марковиќ, аналитичар.

Халили додава дека тоа е француски предлог, како претседавач на унијата, но не е само предлог од Франција. Франција поради оваа позиција на претседавач со ЕУ има обврска да го реши овој јазол, додава тој.

Мухамед Халили, претседател на Совет на амбасадори
Мухамед Халили, претседател на Совет на амбасадори / Утрински брифинг

-Никола Димитров, како министер за евроинтеграции, ја убедуваше јавноста дека Португалскиот предлог е добар и нашата влада тогаш се изјаснила дека Португалскиот предлог е добра основа. Францускиот предлог се темели врз Португалскиот а се однесува на јазикот и меѓусебниот Протокол за кој е разговарано но не е потпишан, вели Халили.

Марковиќ вели дека во францускиот предлог има два типа паралелни теми кои не третираат иста проблематика меѓу кои Протоколот за кој се шпекулира. Едната тематика е проблематикта на човековите права, односот кон бугарското малцинство и нивните права што мое да се реши со последство на ЕУ. Она што е проблематично во посредувањето на ЕУ е историскиот дел, додава тој.

-Историските теми треба да се договорат билатерално. Тоа се премногу болни теми. Убаво што комисиите се договориле за цар Самоил, но самиот чин на промени предизвикува иритација кај луѓето. Не знам дали е реално да се очекува историските прашања да се исклучат од прегварачката рамка со ЕУ, вели Марковиќ.

Халили вели дека ние не сме рамноправни во дијалогот со Бугарија затоа што таа е членка на ЕУ, но не е точно дека Франција ќе биде наклонета исклучиво кон Бугарија.

-Имавме деликатна ситуација и порано, со Лисабонската декларација, кога требаше зборот Македонија да се исклучи. Лесно е патриотски да се каже дека треба да се откажеме од преговорите со ЕУ и да не се оди во Брисел, но да видиме која е алтернативата. Видете ја Украина во каква состојба се наоѓа зато што имаше претседател кој не беше проевропски и поради тоа имаа неконзистентна политика кон ЕУ, вели Халили.

Грчкиот случај покажува дека постои тенденција секој следен предлог да биде полош од претходниот, коментира проф. Ненад Марковиќ.

-Дајте да видиме што е тоа што е прифатливо и што може да се примени, со исклучок на историскиот дел кој задира во национален инженериг. Доволно е да се ослободиме од идентитетскиот притисок, а за другото може да се преговара, впрочем тоа е и дипломатијата, ништо не е финално и за сѐ се преговара, вели Марковиќ.

Правило во дипломатијата е да се реши еден проблем треба преговори, тоа го рекле дипломати од минатото и ние треба да се задржиме на тоа, вели Халили. Од нашата позиција како земја во ЕУ, а и САД тука решаваат, зависи понатамошниот исход.

-Сега е во прашање и безбедносниот аспект. Ако го одбиеме овој предлог без да се посветиме на негова дипломатска доработка, зарем ќе го чекаме следното претседателство на Германија која ни е понаклонета и што дотогаш?, коментира Халили.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот