ВИДЕО | „Амин“: Австрија и Словенија со истоимени песни на Евровизија

instagram-youtube/printscreen
instagram-youtube/printscreen

Оваа година, Австрија и Словенија ќе се претстават на „Евросонг“ со песни кои носат исто име, ист наслов – „Амин“.

Австрија на овогодинешната Евровизија ќе ја претставува Винсент Буено со песната со наслов „Амин“, објави австриската државна телевизија пред два дена. Иако сеуште никој не ја слушнал песната, многу се зборува за неа, а причината е малку невообичаена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vincent Bueno (@officialvincentbueno)


Словенија на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија ќе ја претставува пејачката Ана Соклиќ, со истоимена песна како и песната на нивните соседи. Песната беше објавена на „Јутјуб“ платформата вчера вчера.

Австрија и Словенија и нивните истоимени песни во моментов се главна тема меѓу многубројната европска публика, а целата случајност околу истиот наслов на двете песни активно се коментира на „Јутјуб“ платформата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот