ВИДЕО: Амфетамин откриен при претрес во Скопје

амфетамин
Амфетамин откриен при претрес на стан во Скопје/Фото: МВР

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволeна трговија со дрога и оружје денеска го лишија од слобода С.В. (42) од Скопје.

Откриени 13 пакетчиња амфетамин/Фото: МВР

Како што информираат од МВР, врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје е извршен претрес во домот на С.В., при што биле пронајдени 13 полиетиленски пакувања со бела грутчеста материја, ќеса со три поголеми пакувања со бела грутчеста материја, едно пакување со поголема грутка бела материја за кои постојат основи на сомневање дека е синтетичка дрога амфетамин, три дигитални ваги и една дробилка, како и пиштол „Црвена застава” калибар 65 со една рамка и три куршуми.

Откриен и пиштол при претресот/Фото: МВР

Лицето е приведено во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот