ВИДЕО | Алкараз се поблиску до врвот на Ѓоковиќ: Закажа финале на Индијан Велс со Медведев

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Карлос Алкараз ја оправда фаворитската улога и обезбеди финале на Мастерсот во Индијан Велс каде што ќе игра против Данил Медведев.

Шпанецот не дозволи изненадување и со 2:0 (7:6, 6:3) во сетови го совлада Јаникс Синер за час и 54 минути.

Синер посериозно парираше само на стартот, иако рано го загуби својот сервис, сепак се врати во мечот и се држеше во егал. Мечот се играше гем за гем, а на крајот сетот се одлучуваше во тај-брејк каде што Алкараз беше подобар со 7:4.

Вториот сет донесе подобра игра на фаворитот кој брзо дојде до 3:0, додека Медведев не успеа да се врати во мечот. Финалето помеѓу Алкараз и Медведев се игра во ноќта која е пред нас точно на полноќ, а ако слави шпанскиот тенисер ќе го симне Ѓоковиќ од врвот на АТП листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот