ВИДЕО: Алиоски со асистенција, конечно победнички насмевки и за Ал Ахли

алиоски
фото: instagram.com/alahliclub.sa

Дури во осмото коло од новата сезона во најквалитетната лига на Саудиска Арабија успеа составот на Ал Ахли да го вкуси првиот триумф.

На домашен терен со убедлив резултат 4:0 Ал Ахли ја совлада екипата на Ал-Етифак, а придонес во овие три бода имаше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Нашиот играч кој настапи до 85 минута асистираше во 68 минута кога голот беше дело на Гареб.

Моментно на табелата Ал Ахли е на 11 позиција со осум бодови, a во следната рунда ќе игра со Ал Таее на гости на 21 октомври 2021 година.

На видео записот можете да ја погледнете асистенцијата на Алиоски кој оваа сезона досега има и два голови:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот