ВИДЕО: Алиоски и Лидс подобри од Њукасл
Екипата на Лидс славеше со 1:2 на гостувањето кај Њукасл во рамки на 20. коло од Премиер лигата, а свој удел во победата имаше и македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски кој беше дел од првиот тим и одигра 57. минути пред да биде заменет.
Единствениот гол во првото полувреме го постигна Лидс и тоа преку Рафиња во 17. минута, за во второто полувреме, Мигел Алмирон во 57. минута да израмни на 1:1. Погодокот вреден три бода го постигна Џек Херисон во 61. минута. По оваа победа Лидс е 12. на табелата со 26 бода.
Вест Хем дојде до четвртата победа по ред во Премиер лигата откако со 2:3 славеше на гостувањето кај Кристал Палас. Со новите три бода, Вест Хем се искачи на четвртото место на табелата со 35 бода, додека Кристал Палас остана на 13. позиција со 23 бодови.
Домашниот тим поведе уште во третата минута со голот на Вилфред Заха, но одговорот дојде експресно. Вест Хем веќе во 25. минута водеше со 1:2 благодарение на головите на Томаш Соучек, а дилемите околу победникот беа решени во 65. минута кога Крег Доусон донесе водство од 1:3. Кристал Палас единствено што успеа да направи до крајот е да ги ублажи поразот со голот на Мичу Бачуаи во судиското продолжение.