ВИДЕО: Алиоски го доби македонскиот дуел, Бетис ја урна Рома на „Олимпико“

Езџан Алиоски слави со тимските колеги на Фенербахче/фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Комплетирано е третото коло во Лигата на Европа, Фенербахче во рамките од групата „Б“ стигна до втората победа сезонава остварена дома над АЕК Ларнака со 2:0.

Турскиот гигант пред своите навивачи во Истанбул поведе во 26 минута преку Батшуаји, а во 80 минута автогол си постигна Мамас. Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го одигра целиот меч за домаќините, а на спротивната страна за Кипраните од 80 минута настапи Иван Тричковски.

На табелата води Фенербахче со седум бодови, колку што има и Рен на второто место, трет е составот на АЕК Ларнака со три, а последен е Динамо Киев без бодови.

Арсенал во групата „А“ стигна и до вториот триумф, откако на „Емирати“ стадионот во Лондон со 3:0 беше подобар од норвешкиот Бодо/Глимт. За „топчиите“ по еднаш во листата на стрелците се запишаа Нкетиа, Холдинг и Виеира.

Рома ги разочара своите навивачи со новиот пораз овојпат од Бетис со 1:2. Дибала во 34 минута донесе радост за римската „волчица“ во 34 минута, само шест минути подоцна израмни Бетис преку Родригез. Асистент на вториот погодок за Шпанците Луиз Хенрике го постави конечниот епилог во 88 минута на „Олимпико“.

Лига на Европа

Трето коло, резултати –

Арсенал – Бодо/Глимт 3:0
Рома – Бетис 1:2
Брага – Ројал Унион 1:2
Фенербахче – АЕК Ларнака 2:0

Фрајбург – Нант 2:0
Митјиланд – Феенорд 2:2
Олимпијакос – Карабах 0:3
Рен – Динамо Киев 2:1

ВИДЕО: Црвена звезда убедлива над Ферецварош, Ракип и Малме загубија со играч повеќе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот