ВИДЕО | Александра Шијакоска закрепнува по операцијата: Верувам во Божјиот план

Александра Шијакоска, Фото: Инстаграм
Александра Шијакоска, Фото: Инстаграм

Македонската модна блогерка Александра Шијакоска неодамна ја извести јавноста дека ѝ откриле тумор на главата и дека поради нејзината здравствена состојба нема да биде присутна на социјалните мрежи каде има нешто повеќе од 50 илјади следбеници.

ВИДЕО | Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска соопшти дека ѝ откриле тумор на главата

Таа пред два дена се огласи и ги израдува своите следбеници со одлична вест.

„Само да ве известам дека операцијата помина во најдобар ред, закрепнувам полека, чекам уште некои резултати и испитувања. Не се грижете, најлошото е позади мене. Благодарност до сите кои помогнаа и се понудија да помогнат, никогаш нема да заборавам – ни јас, ни Господ“, напиша Александра.

ФОТО | Александра Шијакоска го прослави својот 29ти роденден: Нека помине операцијата, ќе пишуваме книга заедно!

Денес таа сподели видео од процесот на закрепнување, во кое не се плаши да биде ранлива и да го препише својот оптимизам на вербата што ја има во Бог. Таа напиша во описот на видеото „Божјиот план.“

Биди добро Александра!

ФОТО | Александра Шијакоска од болница: Операцијата заврши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот