ВИДЕО | Алек и Хиларија Болдвин го открија полот на седмото дете

Фото: Инстаграм, Хиларија Болдвин

Актерот Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија наскоро повторно ќе станат родители, а на социјалната мрежа Инстаграм открија дека очекуваат уште едно девојче.

„Секогаш ми беше забавно да го дознаам полот на бебето, но како што растам и учам, сакам тоа да го направам поинаку овојпат. Што ќе направи нашето бебе да е личност полно со љубов? Што е важно? За што ќе се чувствува видено, слободно и гордо? Можеби ништо што би можеле да го дефинираме. Можеме само да ја водиме, да ѝ го охрабриме духот, да ја слушаме, да ѝ ги споделиме своите искуства и да учиме од неа. Можеме да ѝ пружиме што подобар живот, но нашето бебе треба само да го открие своето, единствено ‘јас’“, додаде таа.

На почетокот од месец април, таа објави дека има две причини поради кои не планира да го открие полот на детето што го очекува.

„Го изгубив моето четиримесечно бебе во 2019 година. Мислам на неа секој ден и разбирам дека мајчинството има свои светли и темни страни. Но, ќе почекам да ја поминам временската точка кога ја изгубив ќерка ми“, објасни таа тогаш, а како втора причина ја наведе родовата неутралност.

Како потсетување, Алек и Хиларија веќе ги имаат осумгодишната Кармен, шестгодишниот Рафаел, петгодишниот Леонардо, тригодишниот Ромео и едногодишните Едуардо и Марија Лусија, кои ги добија преку сурогат мајка. Алек Болдвин има уште една ќерка, 26-годишната Ирланд Болдвин, која ја доби со својата поранешна партнерка Ким Бејсингер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот