ВИДЕО | Албански навивачи пласманот на Европското првенство го прославија со палење српско знаме

Фото: Screenshot

Репрезентацијата на Албанија по вторпат во својата историја се пласираше на Европското првенство, а при прославата на плоштадот Скендербег во Тирана беше забележан и еден потег кој не беше потребен.

Имено, албанските навивачи без никаква причина запалија српско знаме, иако нивниот пласман немаше апсолутно никаква врска со српската репрезентација. Славјето се случуваше по ремито против Фарски Острови од 0:0.

Инаку, Албанија е во вториот, а Србија во четвртиот шешир, па така на првенството во Германија можат да бидат и во иста група.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот