ВИДЕО | Ал Хилал го изненади Фламенго и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство

Фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Фудбалерите на Ал Хилал се пласираа во финалето на Светското клупско првенство откако во полуфиналето го изненадија бразилски Фламенго и славеа со 3:2.

Претставникот на Саудиска Арабија сосема заслужено дојде до победата, а првиот гол го постигнаа по само четири минути игра преку Ал Десари од пенал. Фламенго дојде до изедначување преку Педро во 20-тата минута.

Се играше деветтата минута од судиското продолжение кога Ал Десари повторно пенал го врати водството на Ал Хилал од 2:1. Вието на 20 минути пред крајот зголеми на 3:1, а конечните 3:2 ги постави Педро во 91. минута.

Во финалето Ал Хилал ќе игра против подобриот од полуфиналната пресметка помеѓу Реал Мадрид и Ал Ахли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот