ВИДЕО: Активисти на „Гринпис” се спуштија на покривот од зградата на ЕЦБ во Франкфурт

Активисти на меѓународната еколошка организација „Гринпис” денеска се спуштија на покривот на зградата на Европската централна банка (ЕЦБ) во Франкфурт за да развијат транспарент во знак на протест против политиката за заеми на оваа финансиска институција, за која климатските активисти тврдат дека ја фаворизира индустријата на најголемите загадувачи, пренесуваат американските медиуми.

Медиумите наведуваат дека активистите, со помош на параглајдер со мотор, дошле до покривот на зградата на седиштето на ЕЦБ во Франкфурт, и потоа го развиле транспарентот со пораката „Стоп на финансирањтое на убијците на климата”.

Американските медиуми наведуваат дека ЕЦБ потврди дека активистите се спуштиле на нејзиниот покрив и дека поради овој случај била повикана полиција, пренесуваат АП.

„Гринпис” соопшти дека една неодамнешна студија покажала дека банката им дава подобар кредитен рејтинг на компаниите што произведуваат големи количества гасови со ефект на стаклена грдина, додека индустриите што се поприфатливи за климата се оптоварено со поголема маржа меѓу пазарната вредност на нивните средства и вредноста што им ја пресметува самата ЕЦБ и на тој начин банката систематски ја поткопува заштитата на климата.

ЕЦБ на почетокот на годинава соопшти дека формира специјална единица за координација на мерките против климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот