ВИДЕО | Активист со ЛГБТ знаме и маица „спасете ја Украина“ го прекина натпреварот Португалија – Уругвај

Фото: EPA-EFE/Abir Sultan

За време на натпреварот помеѓу Португалија и Уругвај на стартот од второто полувреме натпреварот беше прекинат поради веројатно активист кој со ЛГБТ знаме втрча на теренот.

Покрај знамето кое го развеа, на предната страна на неговата маица беше испишано „спасете ја Украина“, а на задната „правда за иранската жена“.

Активистот успеа некако да го помине строгото обезбедување на стадионот и да дојде до теренот каде што за кратко беше соборен. Секако дека ова ќе предизвика големо внимание поради тоа што се случува во земја како што е Катар, во која е строго забрането да се различната сексуална ориентација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот