ВИДЕО | Ако имате 10 минути време, подгответе го овој колач, потребни ви се бисквити, вишни и чоколадо

Фото: PRINTCREEN/YT/ COOKRATE - CAKES

Кога немате многу време или ако на врата ви заѕвонат ненадејни гости, направете брза торта со овошје и бисквити. Вкусно, лесно и брзо. Потребни ви се осум состојки коишто ги редите една врз друга, а потоа изладете го колачот во фрижидер. Предноста е што не се пече, така што нема да ви биде тешко да го подготвите.

Наместо вишни можете да користите некое друго овошје, но тие на овој колач му даваат освежувачки вкус заедно со јогуртот што сте го измашале со бисквитите.  

Состојки:
300 гр бисквити
300 гр мелени бисквити
400 мл јогурт
300 гр вишни (или друго овошје)
50 мл вода
10 гр пченкарен скроб
100 гр шеќер
150 гр темно чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги скршените бисквити, мелените бисквити и јогуртот.
Соединете ја смесата, па сипете половина во калап обложен со хартија за печење.
Измешајте го пченкарниот скроб со водата, потоа во тенџерето ставете ги вишните, шеќерот и скробот.  Сето ова варете го, потоа готовите вишни и половина од смесата сипете врз бисквитите, а потоа уште еден слој бисквити и останатите вишни.
На крај, прелијте со растопеното чоколадо. Колачот изладете го во фрижидер 2 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот