ВИДЕО | Аки Рахимовски денеска на вечното почивалиште ќе биде испратен и со две македонски песни кои ги обожавал

Аки Рахимовски/Фејсбук
Аки Рахимовски/Фејсбук

Легендарниот пејач Аки Рахимовски денеска во 15 часот ќе биде испратен на вечно почивање на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите.

За последното збогување семејството ја избрало песната која за починатиот пејач имала посебно значење.

Безвременскиот хит на Род Стјуарт „Sailing“ Аки често му ја пеел својот син Кики кога тој бил бебе, а членовите на клапата токму таа нумера ќе ја испеат на испраќањето на познатиот пејач кој почина во саботата од откажување на срцевиот мускул.


Во текот на испраќањето до неговото вечно почивалиште, ќе бидат испеани и две македонски песни кои Аки многу ги сакал.

Групата „Парни ваљак“ на својот официјален канал на Јутјуб објави емотивно видео посветено на покојниот Аки Рахимовски, човек кој, заедно со останатите членови на бендот, одбележа многу генерации со својот глас и песни.

Заедно со песната „Есен во мене“ е направено видео на кое се прикажани фотографиите на Аки, за кои е заслужен Саша Хузјак.

„Збогум пријателе. Ни остави огромна празнина и прекрасни спомени“, напишано е покрај видеото.

Синот на Аки, Кики Рахимовски, низ солзи им изјавил на пријателите: „Тато убаво спие“. Кики не може да се помири со загубата на својот татко и секој ден му носи голема болка.

Обожавателите на Аки во Македонија, јавни личности и граѓани вчера во Скопје на плоштадот Македонија се простија од омилениот пејач. Во центарот на Скопје одекна гласот на Аки Рахимовски и песните на „Парни ваљак“ додека минувачите положуваа цвеќе пред паното поставено од радио Бубамара на кое пишуваше „Тажна е нашата улица…“.

ФОТО: Скопје се збогува со Аки Рахимовски: Денес беше поставена книга на жалост на улица Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот