ВИДЕО | Ајкулата ме изгриза и ме плукна: Прво интервју на човекот што го нападна голема бела ајкула

Фото: Принтскрин/Твитер

Човекот кој минатиот месец беше нападнат од голема бела ајкула во близина на брегот на Калифорнија, е пуштен од болница.

Откако на 22 јуни  преживеа напад на голема бела ајкула во водите кај местото Пацифик гров, Калифорнија, Стив Брумер (62) беше отпуштен од медицинскиот центар „Навитидад“ каде што раскажа како се случил нападот.

Во видеото објавено од Медицинскиот центар Нативидад во Салинас, Калифорнија, Брумер се појавил во сина маица со натпис „преживеав напад на ајкула“ и раскажал дека ајкулата го изгризала за бутовите и стомакот, а потоа „го плукнала“.

„Не сум фока“, рекол Брумер, пензиониран професор на колеџот Монтереј. „Таа мислеше дека сум фока. Ние не сме нивна храна“.

„Таа ме гледаше, беше веднаш до мене. Мислев дека повторно ќе ме касне, па ја турнав со рака и ја клоцав и таа замина“, рекол тој.


Хирургот Никосал Ротер изјави за KSBW-TV дека забите на ајкулата за милиметар промашиле важна артерија и дека пензионираниот професор успеал да помине без посериозни повреди на органите или коските.

– Можеше да биде многу, многу полошо. Можеше никогаш да не излезе од водата – рекол хирургот.

Брумер го извлекле од водата веслачи кои се испоставиле дека биле медицинска сестра и полицаец, како и сурфер кој случајно се нашол во близина.

„Тројцата дојдоа до крвавата вода, ме извлекоа на даската за сурфање и ме одвлекоа до плажата“ и покрај ајкулата што можеше да кружи во близина“, рекол Брумер, нарекувајќи ги своите спасувачи херои.

Брумер примил 28 единици крв и им се заблагодарил на сите што му го спасиле животот.

ВИДЕО: Освен Австријката во Хургада од ајкула настрада и друга жена на 500 метри од неа

ВИДЕО: Освен Австријката во Хургада од ајкула настрада и друга жена на 500 метри од неа

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ајкула проголта човек, шокирани рибари го снимаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот