ВИДЕО: Адвокатот на Трамп се „стопи“ на прес, од потта и фарбата му потече низ лицето

Членовите на правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп, како и неговиот личен адвокат Руди Џулијани вчера повторно одржаа прес-конференција, која угледниот Гардијан ја опишува како „бизарна“.

Џулијани во текот на пред конференцијата изјави дека неговиот правен тим утврдил дека не станува збор за поединечни случаи на манипулации туку дека тој образец се повторувал во многу држави, посебно во градовите каде демократите се на чело.

– Зборувам за масовна измама – рече Џулијани во Капитол Хил во присуство на другите членови од правниот тим на Трамп, додавајќи дека тоа се случило во Пенсилванија, Мичиген, Висконсин и Аризона, а можеби и во Ново Мексико.

Среде обраќањето, Џулијани започна да цитира сцена од „My Cousin Vinny“ – филмска сатира што доби Оскар во 1992 година.

„Дали сте го гледале My Cousin Vinny? Го знаете филмот? Тоа е еден од моите омилени филмови посветени на правото, бидејќи доаѓа од Бруклин“, рече Џулијани.

Адвокатот на Трамп, инаку порнашен градоначалник на Њујорк, е од Бруклин, а тој факт го искорити  за да го сврзе наративот на сатирата од Џонатан Лин, во која адвокатот успева да го дискредитира клучниот сведок.

И додека Џулијани се обидуваше да пронајде сличности меѓу филмот  и луѓето кои ги пребројуваа гласовите на изборите во САД, атмосферата стана уште почудна.

Имено, како што адвокатот на Трамп започна да се поти пред новинарите по што темната боја од неговата фарба за коса започна да тече по неговото лице.

Се разбира, корисниците на социјалните медиуми веднаш го забележаа ова и шегите и исмејувањето на негова сметка започнаа.

За да биде уште полошо, аудиото од пресот наеднаш вклучи непознати личности кои прашуваат „Можат ли да не слушнат и нас“, дискутирајќи „Фарбата на Џулијани му тече по лицето“.

Погледнете ги фотографиите што го обиколија светот:

Руди Џулијани / 19 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZOEPA-EFE/JIM LO SCALZO
Руди Џулијани / 19 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Руди Џулијани / 19 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот