ВИДЕО | Адвокатот на Бајден: Правните оспорувања на Трамп се театрални

Адвокатот на кампањата на Џо Бајден ги отфрли како „театрални” правните оспорувања за победата на демократскиот кандидат на претседателските избори од страна на актуелниот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека целта е да се убеди дел од населението дека изборите биле нелегитимни.

Адвокатот Боб Бауер рече дека изборниот тим на Трамп се обидува да и стави пречки на новата власт, но дека транзицијата ќе продолжи без оглед на тоа какви прашања ќе бидат поставени на суд.

– Во меѓувреме, ќе имаме театар, но ќе има помала публика сè додека целосно не се испразни и Џо Бајден и Камала Харис да дадат заклетва, рече Бауер.

Главниот советник на Бајден, Дана Ремус рече дека процесот на транзиција на претседателската власт нема да биде попречен од одбивањето на администрацијата за општи услуги да го прогласи Бајден за официјален победник на изборите.

Ремус рече дека Трамп и неговите сојузници се обидуваат да направат сè за да го нарушат она што е неизбежно.

– Ние туркаме напред и убедени сме дека е неизбежна многу успешна администрација, рече Ремус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот