ВИДЕО | Aдријан Гаџа со популарен ТикТок танц ги развесели своите следбеници

Адријан Гаџа/Instagram
Адријан Гаџа/Instagram

Адријан Гаџа вчера „изненади“ со одлично тик ток видео, кое го сподели и на инстаграм -профилот и ги развесели своите фанови и следбеници.

Познат на публиката како одличен танчер и пејач, Адријан Гаџа одредено време се повлече од сцената, но причината за тоа беше насочување кон угостителството. Тој во населбата Скопје-Север отвори луксузен ресторан кој се вика „Ча Ча“, и целосно е посветен на бизнисот.

Но вчера сподели  видео кое е во тек со најновите тик ток трендови – а тоа е синхронизиран танц со луѓе околу себе, а во случајов тоа беше персоналот од ресторанот. Гаџа во видеото повторно ги покажува своите танчерски способности, и доби многу позитивни коментари од своите пријатели и фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Gaxha (@adriangaxha)

Пејачот беше дел од македонската поп сцена и е познат по своите хитови на македонски и албански јазик, а во 2008 беше дел од триото со Тамара и Врчак, каде настапија на Изборот на песна за Евровизија со песната „Let me love you“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Gaxha (@adriangaxha)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот